Припадниците на Боко Харам ослободија 21 ученичка, кои се дел од оние кои во 2014 година беа киднапирани од градот Чибок во Нигерија, јавува агенцијата Анадолу.
Портпаролот на Претседателството Малам Гарба Шеху, преку социјалните мрежи изјави дека ослободените 21 ученичка се под контрола на разузнавачката служба на Нигерија.
Шеху за 21 ученичка, кои се дел од 200 ученички киднапирани од страна на Боко Харам, рече дека се на слобода благодарение на преговорите кои ги водат меѓународниот Црвен крст и швајцарската влада. Шеху истакна дека продолжуваат преговорите за ослободување и на преостанатите ученички.
На североистокот од Нигерија, во градот Чибок кој се наоѓа во покраината Борно, на 14 април 2014 година од еден интернат милитантите на Боко Харам киднапираа 276 ученички. Иако 57 девојчиња успеаа да избегаат, 219 ученички сѐ уште се наоѓаат како заложници на организацијата.
Организацијата Боко Харам, која свои активности покажува од 2000 година, започна да изведува насилни акции во 2009 година, по смртта на својот идеен лидер Мухамед Јусуф. Во тие напади на органзиацијата животот го загубија 17.000 лица.
Од минатата година Боко Харам извршува активности и во соседните земји Камерун, Бенин, Чад и Нигерија.