Бројот на настраданите во операцијата на боливиските безбедносни сили на деблокадата на рафинеријата од приврзаниците на доскорешнииот претседател Аво Моралес е зголемен на шест, соопштија денеска властите.
Канцеларијата на јавниот бранител го објави бројот на настраданите, еден ден откако дојде до насилство во градот Ел Алто, близу главниот град Ла Паза.
Полицајци и војници ги следеа танкерите со бензин од рафинеријата, затоа што во некои боливиски градови дојде до недостаток на храна и гориво.
Демонстрантите се обидувале да ја кренат во воздух рафинеријата со експлозив, што можеше да доведе до „голема трагедија“, рече вршителот на должноста министер за одбрана на Боливија, Фернандо Лопес.
Боливија е погодена со тешка политичка криза од претседателските избори на 20 октомври, на кои, според проценката на Организацијата на американските држави, имаше сериозни нерегуларности.
Моралес поднесе оставка на 10 ноември под притисок на демонстрантите и војската и се засолни во Мексико, но неговите приврзаници не ја прифаѓаат преодната влада.
Самопрогласената претседателка на Боливија, Хенин Ањес изјави денеска дека планира да распише нови избори, после загинувањето на најмалку 30 луѓе во судирите во последните месец дена.
Моралес, првиот претседател на Боливија од индијанско потекло, денес рече дека сака да се врати во земјата и дека, ако му биде дозволено, би помогнал со дијалог да се дојде до обновување на мирот.
На конференцијата за новинари Моралес наведе дека тој е избраниот претседател на Боливија, што тврди од изборите на 20 октомври и покрај наводите за изборни измами, но додаде дека би поздравил распишување на нови избори.
Ањес претходно изјави дека Моралес би можел да биде процесуиран заради изборни нерегуларности ако се врати во татковината.
Високиот претставник на преодната влада Артуро Муриљо вели дека Моралес е виновен за поттикнување на бунт, затоа што тој, наводно, ги охрабрил приврзаниците да се спротиставуваат на новите власти со поставување на блокади.