Деветкратниот олимписки шампион од Јамајка, Усеин Болт, прогласен е по рекорден шести пат, за најдобар атлетичар на годината, во изборнот на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ).
Во женска конкуренција наградата ја доби Алмаз Ајана од Етиопија, која на Олимписките игри во Рио де Жанеиро освои златен медал во трката на 10.000 метри. Новото најдобро време во таа дисциплина е 29:17,45 минути.
Болт во Рио трет пат, едно по друго, освои три златни медали во трките на 100 и 200 метри и штафетата 4х100 метри.
Тој наградата за најдобар атлетичар ја доби во 2008, 2009, 2011, 2012 и 2013 година.
Болт следната година, после Светското првенство во Лондон, ќе ја заврши кариерата.