Ова е момент на будење за Европа, момент кога треба да заживее процесот на проширување со земјите од Западен Балкан.
Знам дека имате одредени очекувања и со право.
Треба да почнеме формално преговарање за пристапување на Северна Македонија и Албанија што поскоро и се надевам дека тоа ќе биде можно на следната меѓувладина конференција, порача денеска од Скопје високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, пренесува МИА.