Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон (56) и неговата вереница, Кери Сајмондс (33) го одредија датумот на венчавката.
Тие ги испратија поканите на семејствата и на пријателите на кои го пишува датумот 30 јули 2022 година, пренесе Ројтерс повикувајќи се на текст објавен во магазинот „Сан“.
Двојката се вери во 2019 година, но заради пандемијата со ковид-19 мораше да ја одложи свадбата.
Досега, единствен премиер на Велика Британија којшто се оженил додека бил на функција е Лордот Ливерпул – тоа се случило во 1822 година, кога се венчал со Мери Честер.
Џонсон и Кери го имаат синот Николас, којшто се роди на 29 април минатата година и го доби името по еден од лекарите кои на премиерот му помогнаат во оздравувањето додека беше заразен со корона вирус, минатата пролет.
На Џонсон ова ќе му биде трет брак – првпат се ожени во 1987 година со Алегра Мостин – Овен, но се разведоа во 1993 година, кога се венчаше со Марина Вилер, потсетува „Сан“.
Од тој брак Џонсон има четири деца, но со Марина се разиде во 2018 година.
Кери Сајмондс до сега не се мажела.