Новинарот Борјан Јовановски, денеска беше прво вербално нападнат, а потоа и пликнат додека со пријател бил на ручек во ресторанот „Воденица“.
Додека се случуваше инцидентот, друго лице снимало со телефон.
За настанот Јовановски напиша:
„Бев на ручек со мојот пријател и колега Aтанас Кировски. Неочекувано до масата пристапи едно детуле кое се уште не си ни бричи. Малолетно. Ми се обрати со зборот “предавник” Прашав дали воопшто знае што зборува..а тој ме плукна в лице и замина. Детето е злоупотребено. Нарачателот ми познат бидејќи беше присутен во ресторанот Воденица. Пораката е примена. Инспираторот е исто така познат…Миленко Неделковки. Кратко да завршам..двајцата ќе одговарате, а од мојот патриотизам и љубов кон демократска и европска Македонија нема нема да ме одвратите“.
Цел на вербален напад денес била и советничката од редовите на СДСМ во општина Карпош, Магдалена Несторовска.
Таа на својот Фејсбук профил објави текст во кој се посочува дека напаѓачот е малолетен и симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дечкото од фотографијата беше злоупотребен од „патриотите“ да ме праша дали сум ја продала Македонија?!“, напиша Несторовска.