Велика Британија воведува санкции на Белорусија поради улогата на таа земја во рускиот напад врз Украина, соопшти синоќа британската влада.
Министерката за надворешни работи Лиз Трас изјави дека се воведени санкции за поединци и организации „поради улогата на Белорусија во руската инвазија на Украина“, пренесува Би-би-си.
„Режимот на Лукашенко активно ја помага и поддржува илегалната инвазија на Русија над Украина и ќе ги почувствува економските последици од поддршката на Путин“, рече Трас.