Договор за Брегзит е можен до 31 октомври, изјави ирскиот премиер Лео Варадкар, после денешната средба со британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон.
„Имавме добар и конструктивен состанок, многу позитивен, состанок кој многу ветува“, рече Варадкар и додаде дека гледа пат по кој ќе се дојде до спогодба следната недела.
„Можно е да постигнеме спогода, да се договориме за царините и така да и дозволиме на Велика Британија да ја напушти Европската унија до крајот на октомври“, потенцираше ирскиот премиер.
Тој наведе дека сепак постојат уште работи што не се „под негова контрола“.