Шефот на британската надворешноразузнувачка служба, Ричард Мур, ја нарече Русија „сила која слабее“, но дека таа претставува еден од најважните проблеми.
„Русија е сила која објективно слабее во економска и во демографска смисла. Таа минува низ исклучително тежок период“, рече Мур во интервју за „Сандеј тајмс“.
Истовремено шефот на разузнавачката служба забележа дека за него Русија е сериозен проблем, дека Велика Британија е загрижена од веројатноста на руска инвазија на Украина заради што тие ја предупредиле официјална Москва на сериозни последици од таков чекор.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Плесков, претходно неколку пати објесни дека Русија врши преместување на воените трупи внатре во рамките на својата територија. Според неговите зборови, тоа никого не загрозува и никого не треба да загрижува.
Мур, исто така, смета дека однесувањето на Русија во Чешка прави да се подвлечат паралели со состојбата во односите меѓу Русија и Украина.
„Кога ќе добиете таков модел на непромислено однесување, а тогаш ќе погледате што се случува околу Украина – се разбира дека тоа не загрижува“, истакна тој.
„Заради тоа така тесно соработуваме со нашите сојузници, за да се увериме дека му испраќаме јасни сигнали на претседателот Путин“, додаде првиот човек на разузнувачката служба, не прецизирајќи за кои „сигнали“ станува збор.
Пред извесно време Чешка ја обвини Русија за вмешаност во експлозија во магацин за муниција во село Врбјетици во 2014 година, заради што од руската амбасада во Прага беа протерани 18 вработени.
Како одговор на тоа, Москва прогласи 20 чешки дипломати за „персона нон грата“, наведувајќи дека обвиненијата се апсурдни, неосновани и измислени.
Министерството за надворешни работи на Русија, исто така, наведе дека Чешка како руски одговор на непријателските постапки ќе го добие она за кое не сонувала ниту во најстрашните сништа.