Кристалина Георгиева е новиот кандидат на Бугарија за генерален секретар на Обединетите нации. Таа ја замени Ирина Бокова, која досега беше бугарски кандидат за оваа функција.
Министерот за надворешни работи, Даниел Митов, рече дека гласањето во ОН покажало јасно што е тренд и, за жал, досегашната номинација имала негативен тренд.
„Бугарската влада одговорно да пристапи и да ѝ даде можност на Георгиева која според проценката и консултациите има сериозни шанси“, рече Митов.
Бојко Борисов рече дека прават огромни напори, не само владата, туку и претседателот на Бугарија.
„Ова е исклучително сложена процедура. И Бокова работеше напорно“, нагласи Борисов и додаде дека е сигурен оти во периодот што следи многу лаги ќе бидат произведени, но е уверен дека е донесена правилна одлука.