„Можам да кажам дека одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. На ден имам покани да разговарам со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден
комесар. Има многу внимание кон Бугарија, нема да го кажам зборот притисок“, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Софија.
Патем, тој додеде дека не треба да се заборави дека Бугарија е членка на Европската унија и тоа значи многу, и дека ќе се обратат до другите членки на Унијата за солидарност.
„Најважно е Бугарија, како одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата“, порача Радев.
Бугарскиот претседател уште рече дека европскиот пат на Македонија е преку Софија и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми.
Тој истакна дека дека Бугарија ги развива односите меѓу двете земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство.