На социјалните мрежи денес се појавија видео снимки од местото во кое се криеше лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, кој е убиен во специјална операција на американските сили на северозападот на Сирија.
На снимката се гледаат рушевини од бункерот, остатоци од облека, душеци…
Ал Багдади беше убиен вчера, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави после тоа дека Багдади активирал експлозив којшто се наоѓал во елекот кој го носел, како и тоа дека после експлозијата врз него се срушил ѕид.