Дирекцијата за заштита и спасување од денеска до недела во Маврово организира вежба на припадниците на тимовите за брз одговор–ТБО.
Целта на вежбата е демонстрација на повеќе сценарија за подготвеност на човечки и материјално технички ресурси на Дирекцијата за заштита и спасување каде ќе биде тестирано и-Упатство (Протокол) за постапка и делување со преземање заштитни мерки за справување со Ковид–19 на Републичките сили за заштита и спасување, Тимовите за брз одговор и Просторните сили за заштита и спасување за време на нивно ангажирање во услови на мир и вонредна состојба, обука, тренинг и вежби.