Велика Британија стави шест африкански земји на „црвената листа“ поради појавата на нова варијанта на корона вирусот.
На „црвената листа“ се Јужна Африка, Намибија, Лесото, Боцвана, Зимбабве и Есватини (Свазиленд), објавија британските медиуми, а тоа на Твитер го потврди и британскиот министер за здравство Саџид Дејвид. Летовите од тие земји се привремено забранети, а британските граѓани кои доаѓаат од тие земји мора да бидат ставени во карантин.
Новата варијанта на корона вирусот која е откриена во Африка има 32 мутации во протеинот на шилецот, а некои експерти веруваат дека може да го „заобиколи“ имунитетот.