Владата на Венецуела одлучи да ја затвори својата граница со Колумбија на 72 часа, со цел „да се уништи мафијата“, соопшти венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
„Мораме да ја уништиме мафијата, пред таа да ни ги уништи земјата и економијата“, изјави Мадуро во обраќањето преку државната телевизија, обвинувајќи ја мафијата за правење голем профит од шверцот со субвенционирани
производи со соседната Колумбија.
Ова е најнова мерка на левичарската влада во Каракас против домашната мафија, која оперира во пограничната зона од двете страни на границата, наштетувајќи и на венецуелската економија која се наоѓа пред целосен колапс и банкрот.
Многу производи што властите во Венецуела ги субвенционираат во рамките на политиката на претседателот Мадуро, како што се дизел горивото и бензинот, се продаваат во Колумбија и притоа шверцерите остваруваат висок профит.