Маж вооружен со нож утринава нападна минувачи на улиците на норвешката престолнина Осло, пред да го убие полицијата, соопштија официјални лица.
Медиумите во Норвешка објавија снимка од наводниот напаѓач, гол до појас, бос, и со нож во рацете.
Полицијата информираше дека има „повеќе од една жртва“ и не даде повеќе детали за инцидентот.
Патем, од таму само додадоа дека патролно возило добило дојава за тоа што се случува во населбата Бислет, во северен Осло и дека полицајци влегле во зграда за да го запрат напаѓачот во неговите намери.
https://twitter.com/i/status/1458016161862406146
„Во напаѓачот се истрелани неколку куршуми“, изјави полицискиот портпарол Торгеир Бренден, но не прецизираше кој стрелал во него.
Тој веднаш бил префрлен во блиската болница, каде што и покрај укажаната медицинска помош починал.
Да потсетиме, ова е втор напад за само еден месец во Норвешка. Кон средината на октомври маж со лак и стрела уби пет лица во мал град југозападно од Осло.
(Фото: Твитер)