Репортерската екипа на телевизијата Скај њуз за малку ќе настрадаше во напад на припадниците на Исламска држава во Мосул.
На само неколку метри од местото каде што бомбаш самоубиец активираше експлозив се наоѓаа репортерот Сјуарт Рамзи, снимателот Нејтан Хејл и советникот за безбедност Мајк Мохајни.
Само неколку минути пред тоа Рамзи, Хејл и Мохајни избегнаа снајперски напад.
Екипата се најде во проблеми кога џихадистите отворија оган од снајпер, потоа побегнаа во автомобил во чија близина експлодира бомба.
Веруваат дека животот им го спаси багер кој се наоѓал меѓу возилото и бомбашот самоубиец.
На снимката се слуша разговор меѓу Хејл и Рамзи кои констатираат дека не се повредени.
После бегството од линијата на огнот налетаа на друг проблем, кој го опиша Ремзи.
„Потполн хаос, трчавме а куршумите летаа насекаде околу нас. Се боревме за живот. Хелихоптерот беше зад нас и стрелаше во џихадистите, тоа беше место на кое бевме само неколку секунди“, раскажува репортерот.
https://www.youtube.com/watch?v=RHekcYIZDx4&feature=youtu.be