Стотици луѓе дојдоа вчера во Глазгов за да извршат притисок на светските лидерклимаи да дејствуваат за заштита на климата, еден ден пред почетокот на ЦОП26, состанок клучен за иднината на планетата.
Многу од нив во шкотскиот град стигнаа пешачејќи десетици, па и илјади километри, со што означија почеток на собири кои ќе се одржуваат во исто време кога и конференцијата на Обединетите нации за климата, која завршува на 12 ноември.
Scuffles broke out as Swedish climate activist Greta Thunberg arrived in Glasgow for #COP26 summit pic.twitter.com/WGcNFJLqHf
— Reuters (@Reuters) October 30, 2021
Вчеравечер младата шведска активистка Грета Тунберг допатува со воз откако еден ден пред тоа во Лондон учествуваше на собирот на млади еколошки активисти против улогата на финансиските институции во климатската криза. Иконата на движењето „Петоци за иднината“, околу која медиумите веднаш се собраа, не даде изјава. Требаше да зборува на маршот за климата.
Демонстрантите, пристигнати од Шпанија, Белгија и самата Шкотска, пред тоа прошетаа низ центарот на градот носејќи транспаренти со слоганите „Дејствуваме сега“, „Дела, а не зборови“ и „Стоп за фосилната енергија“.
Повеќе од стотина лидери, меѓу кои се американскиот претседател Џо Бајден, претседателот на Франција, Емануел Макрон, и нивниот индиски колега Нарендра Моди, треба да учествуваат на самитот.
Се очекува доаѓање на илјадници климатски активисти од целиот свет. Организаторите проценуваат дека ќе бидат околу 100.000 илјади на големиот собир што е предвидено да се одржи во петок.
Шкотската полиција соопшти дека околу 10.000 полицајци од целото Обединето Кралство ќе бидат разместени на улиците на Глазгов секој ден додека трае конференцијата чиј покровител е Обединетите нации, што е најголема операција на зачувување на редот досега организирана во Шкотска.