Скопје, 16 декември 2020 (МИА)
Заев сабајле нешто ќе каже, до вечерта ќе негира, на тој начин бега од лидерска и проблемите кои ќе стануваат се поголеми Заевизмот на дело, од сабајле нешто кажи, до пладне заборави, вечерта негирај.
Буквално така изгледа хаосот на Заев. Завчера рече дека ќе иницира лидерска средба, а веќе вчера, после помалку од 24 часа, сам се откажа од својот став.
Почесто менува ставови отколку блузи.
Причината за ваквото бегање на Заев од лидерска средба е јасна, сака да избега од вистинското соочување со проблемите.
Заев мислеше дека ќе се одржи лидерска про форма на теми кои во моментот имаат тривијално значење за граѓаните.
Кога виде дека таквите манипулации не поминуваат, се откажа од сопствениот став.
Вистинските теми за лидерска се причините и одговорноста на власта на Заев за неуспесите на Македонија.
Да одговори како Македонија дојде во ќорсокак поради неговата политика на лажни ветувања, свиткана кичма и дадени концесии.
Да се говори за епидемиолошката слика во државата која е црн рекордер по смртност во светот и за мерките кои ги носи владата кои повеќе содржат политика.
Да се говори за економијата која е во рецесија, со страшен раст на невработеност.
За сите овие неуспеси токму Заев е најодговорен.
Неговата неспособност, неодговорност и аматеризам ја донесоа Македонија до ова дереџе.
Колку Заев повеќе менува ставови, тоа значи дека е понервозен.
Колку Заев повеќе бара виновници во други, толку повеќе се потврдува потребата за негова оставка.
Оставка на Заев, слобода на народот!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ