Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава. Последни остатоци од мрачната транзиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ништо од тоа што го ветија не исполнија. Нема ниту една област во која се живее подобро. Единствената политичка инвестиција во која веруваат дека ќе ги спасат нивните политички кариери е промената на името на државата.
„Наместо животот кој го ветуваа донесоа само чемер и јад. Нема ништо од 500-те евра плата, од повратот на ДДВ, зголемени инвестиции, нови патиша во должина од 500 километри, од зголемената поддршка за земјоделците, од плата за докторите од 100.000 денари, од субвенции за компаниите. Затоа имаме криминал на секој чекор.
„Заев ветуваше и се колнеше во децата и семејството дека нема да менува Уставот. Не само што го смени туку го менува и идентитетот. Цензурата во медиумите и полициското насилство ни станааа секојдневие. Политичкото судство излезе на виделина со зделки и неморални понуди на пратениците се со цел да правење пазар со името.
7 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ силно потпомогнати од структури кои се ставија на располагање на власта, следејќи го својот личен интерес, одејќи против ставот на партијата, против членството и најважно против волјата на народот ја свиткаа кичмата и гласаа за промена на името.
На Република Македонија и се случи Црн Петок. Сите бевме сведоци на предаството кое овие пратеници и го направија на својата татковина.
Време е за подршка и обединување на сите оние кои си ја сакаат својата татковина.
Време е да се окрупниме, силите да се збијат, заеднички, силно за на тој начин да се издвојува победата врз сите оние кои не и мислат добро на Македонија.
Македонија мора напред, со принципи, мудрост и храброст, велат од партијата на ВМРО-ДПМНЕ.