„1,2 милиони граѓани на Република Македонија на 30-ти септември кажаа не за промена на името, идентитетот, јазикот и историјата, не за откажувањето од македонското малцинство во соседството. Граѓаните кажаа не на капитулантскиот договор од Преспа и распродажбата на државните и националните интереси со единствена цел, спас на политичката кариера на Зоран Заев“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата со став дека „Заев мора да е уценет штом оди спротивно на волјата на граѓаните. Уценет за неговите криминали и криминалите на неговите сопартијци со кои само за година и половина спроведоа холивудски грабеж во Македонија. Граѓаните не може и не смее да ја плаќаат цената за концесиите на Заев, за неговата коцкарска “all I” политика. Самоволието на власта мора да запре, Уставот и законите мора да се почитуваат“.
„Заев се плаши од независно и објективно обвинителство, кое ќе го истражи случајот „Поткуп“, случај во кој цела држава го виде како бара поткуп од струмички бизнисмен во висина од 200 илјади евра, освен судот. Власта се плаши од правосудство кое наместо да ги амнестира криминалите на државните и партиските функционери на СДСМ ќе гони за сторените криминали“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.