„Зоран Заев и СДСМ за само десетина дена се фатени како крадат 45 милиони евра, пари на граѓаните. Цели 35 милиони евра од здравство и уште 10,5 милиони од фондот за иновации завршуваат кај партиски донатори, функционери или млади момчиња кои треба да ги сокријат вистинските моќници“.
Вака обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата изјавуваат дека „Компании на вицепремиерот и други функционери од власта добиваат грантови од стотици илјади евра, додека Заев ги распродава националните интереси“.
„Десетици милиони евра се делат на фирма формирана пред четири месеци, која како прва зделка добива тригодишен монопол на лабораториските испитувања. Министерот Филипче се колне дека не знаел каде ќе плаќа 35 милиони евра, додека Заев смислува манипулации за да добие поддршка за неговото прифаќање на грчките црвени линии. Овие луѓе ни ја водат државата! Нив не ги интересираат животот и стандардот на граѓаните на Република Македонија туку парите, тендерите, матните бизниси, профитот и личното богатење“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија се децидни дека „Наместо да се приближуваме со стандардите и реформите до Европската Унија и НАТО, Македонија се повеќе и повеќе тоне и се доближува кон земјите од третиот свет