„Македонија е заложник на криминалниот картел кој го предводи Заев. Правната држава стана мисловна именка, а за само една година СДСМ и Заев успеаја да го урнисаат целосно поредокот во државата. Обвинителството и судството наместо да го гонат криминалот, станаа негови заштитници, работејќи како партиски испостави кои служат единствено да го амнестираат криминалот на СДСМ“. Ова е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека „Боро Стојчев, градоначалникот шверцер од СДСМ е само последниот во низата амнестирани од правосудниот систем во Македонија. Амнестиран како што беше амнестиран и неговиот шеф Зоран Заев во случајот „Поткуп“ во кој тој од струмички бизнисмен без срам бараше мито од 200 илјади евра“.
„Тоа што Заев го правеше како градоначалник, продолжи да го прави и како премиер. Корупцијата и криминалот царуваат во државата, а сомнително доделените грантови од Фондот за иновации на блиски соработници и партиски послушници се само последниот пример за тоа како работи Заев.
Без разлика на молкот од органите на прогонот, народот го памети и криминалниот тендер во здравството тежок 35 милиони евра“ ,велат од ВМРО-ДПМНЕ.