Државната изборна комисија рано изутринава на прес-конференција соопшти прелиминарни резултати од гласањето за предвремените парламентарни избори по обработени 99,34 отсто од гласовите.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра акедонија“ освоиле 444.014 гласови, СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ 428.683, ДУИ 85.774, Движење Беса 57.749, Алијанса за Албанците 35.103 и ДПА 30.971 глас.
Во првата изборна единица од 96,55 отсто примени резултати ВМРО-ДПМНЕ освоила 68.145 или 33,05 отсто. ДПА има 4.822 или 2,34 отсто, ДУИ 12.835 или 6,22 отсто, СДСМ 86.727 или 42,06 отсто, коалицијата „За промени и правда“ освои 2.952 или 1,43 отсто, Алијансата за Албанците 3.759 или 1,82, Либерална партија 1.266 или 0,61, коалиција
„ВМРО за Македонија“ 3.567 или 1,73 отсто, Движење Беса 11.511 или 5,58 и Левица 4.204 или 2,4 отсто.
Во изборната единица 2 од 99,80 проценти податоци добиени од општинските изборни комисии по електронски пат, ВМРО-ДПМНЕ има 73.537 или 36,18 отсто, ДПА 5.916 или 2,91 отсто, ДУИ 16.761 или 8,25, СДСМ 69.645 или 34,26, Коалицијата за промени и правда 2.145 или 1,06 отсто, Алијанса за Албанците 6.031 или 2,97, Либерална партија 732 или 0,36, коалиција „ВМРО за Македонија“ 3.260 или 1,60, Беса 16.031 или 7,89 и Левица 2.390 или 1,18 отсто.
Од третата изборна единица добиени се 99,85 проценти од резултатите по електронски пат. Според нив 102.527 гласа или 50,32 освои ВМРО-ДПМНЕ, ДПА 586 или 0,29, ДУИ 1.141 или 0,56, СДСМ 80.914 или 39,72, коалиција „За промени и правда“ 1.356 или 0,67 отсто, Либерална партија 741 или 0,36, коалиција „ВМРО за Македонија“ 6.686 или 3,28 и Левица 1.760 или 0,86 отсто.
Според сто отсто добиени резултати од гласањето во четвртата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 101.598 или 47,96 отсто, ДУИ 479 или 0,23 отсто, СДСМ 94.749 или 44,73, коалицијата „За промени и правда“ 1.894 или 0,89, Либерална партија 603 или 0,28, коалицијата „ВМРО за Македонија“ 4.718 или 2,23 и Левица 1.394 или 0,66 отсто.
Од добиените 99,85 проценти од извештаите од гласачките места во петтата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има 72.072 гласа или 38,48, ДПА 3.422 или 1,83, ДУИ 13.959 или 7,45, СДСМ 70.820 гласови, коалицијата „За промени и правда“ освои 1.238 или 0,66 отсто, Алијанса за Албанците 7.343 или 3,92, Либерална партија 420 или 0,22, коалицијата
„ВМРО за Македонија“ 4.947 или 2,64, Беса 5.153 или 2,75 и Левица 2.001 или 1,07 отсто.
Во шестата изборна единица од сто отсто обработени податоци ВМРО-ДПМНЕ освои 26.135 или 16,54 гласа, ДПА 16.225 или 10,27 отсто, ДУИ 40.599 или 25,70, СДСМ 25.828 или 16,35, коалицијата „За промени и правда“ 239 или 0,15 отсто, ПДП 1.142 или 0,72, Алијанса за Албанците 17.970 или 11,38, коалицијата „ВМРО за Македонија“ 919 или 0,58 и Движење Беса 25.054 или 15,86 отсто.
Се очекува во текот на денов Државната изборна комисија да излезе со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе даде своја оценка за изборниот процес.