Презентирањето на случајот „Таргет“ од страна на Специјалното јавно обвинителство, за ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека Катица Јанева е продолжена рака на Зоран Заев, и дека таа ја спроведува неговата намера да ја федерализира Република Македонија.
Дополнително, посочуваат од владеачката партија, Заев преку Јанева сака да ја обвини Македонија дека е виновна и за спорот што го има Грција со нашето име и за сите други отворени прашања со соседите.
Целта на прес-конференцијата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, била наводно да се покријат скандалозните изјави и ветувања на Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија.
Јанева, велат, ја погазила правната бранша и влегла во политичка кампања.
„Специјалното јавно обвинителство одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да тргнат изборните каравани и да се официјализира почетокот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.