„Македонија ја има најнеспособната влада, а за жал градот Скопје го доби најнеспособниот градски татко. Денес во главниот град не е главна тема правење на булевари, паркови, водоводи и канализации, туку главен проблем стана рутинско прскање против комарци. Петре Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некаков проект или реши некој позначаен проблем“ обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата со став дека „Шилегов ги остави граѓаните на милост и немилост на комарците кои можат да се пренесуваат најразлични болести кои се присутни и во Европа и регионот, од типот на Зика, Нилска треска, маларија, лајшманија“.
„Шилегов и СДСМ најобичното прскање против комарци го претворија во епохална битка која не можат да ја победат, а сето тоа го трпат граѓаните. Најтрагикомично во целата ситуација е што градските служби се обидоа да ги изманипулираат граѓаните дека вршат прскање против комарци со старо видео прикачено на интернет. Шилегов нека ги спаси скопјани што побрзо и нека си даде оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.