Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува најновиот неделен извештај на ЈП Водовод и канализација.
Извештајот е добиен од анализите на Секторот за санитарна контрола.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.10.2021 до 22.10.2021 зема 202 примероци за физичко-хемиска и 202 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација.