Лидерот на исламистичката група Боко Харам, Абубакар Шекау, шест пати ја демантираше својата смрт. Сега објави снимка со која ги отфрла тврдењата на светските медиуми дека пред еден месец е тешко ранет во Нигерија.
Абубакар го превзеде водството на Боко Харам во 2009 година после смртта на Мухамед Јусуф, основачот на групата.
Медиумите веднаш истата година јавија дека новиот водач е убиен во текот судирот на нигериските сили за безбедност и Боко Харам. Следната, 2010 година, Шекау објави видео-снимка со изјава во која признава дека е ранет во ногата, но дека сето тоа било минато. Во август 2013 година, по втор пат е „прогласен за мртов“, после нападот на засолништето на џихадистичката група во шумата Самбис на североистокот на Нигерија. Еден месец потоа Шекау емитуваше снимка со која докажа дека е жив.
Следната година, нигериската војска лансираше дезинформација дека Шекау е убиен. Наводно бил ликвидиран од страна на војската на Камерун, во битката кај селото Кондуга, северно од Мајдугури. Камерунската војска ја потврдила таа вест и на социјалните мрежи објавила фотографија, нaводно, од неговото безживотно тело. Во октомври 2014 година Шекау повторно се појави на видео-снимка, на која се потсмева на сите кои поверувале дека е мртов.
Во август лани Шекау преживеа и отсекување на главата. Претседателот на Чад, Идрис Деби, тврдеше дека лидерот на Боко Харам е ликвидиран и дека е заменет со нов лидер. Шекау тогаш преку неколкуминутна видео-порака соопшти дека е жив и здрав и дека уште е прв човек на исламистичката група.
Минатиот месец нигериското воздухопловство објави дека Шекау е смртно ранет при воздушен напад.
Пред три дена, водачот на Боко Харам, Абубакар Шекау емитуваше нов демант, се појави на снимка жив и здрав.