Шведската автомобилска компанија ќе ги повика сопствениците на 127 илјади возила ширум светот да ги донесат на поправка заради фабричка грешка.
Повикот се однесува на моделите КСЦ90 СУВ, С90 и В90, за 2016 и 2017 година.
Волво соопшти дека на властите во САД им пријавиле дека е можно одводното црево на клима уредот да е неправилно инсталирано во фабриката.
Влагата може да ги спречи воздушните перничиња да се активираат при евентуален судар, а може да влијае и на електронскиот систем за управување на моторот.
Во Волво тие проблеми ги откриле врз основа на извештаите од сервисите.
Компанијата наведува дека нема ниту еден извештај за повреда на патник причинета поради таа фабричка грешка и очекува дека поправката ќе биде неопходна во помалку од еден процент од бројот на автомобилите опфатени со повикот, но велат дека, сепак, сакаат сите да ги прегледаат.
Ако постои проблем, возачите ќе го видат светлосното предупредување на контролната табла, соопштуваат од Волво.
Се очекува дека поправките во светот ќе почнат на 14 ноември.