Владата на Етиопија денес прогласи вонредна состојба која стапува на сила веднаш.
Причина за тоа се насилствата што се случија во текот на неделава на антивладините протести ширум земјата во кои имаше жртви и материјална штета, најповеќе во регионот Оромија.
Советот на министри донесе одлука за вонредна состојба и пораката му ја достави на премиерот Хајлемариам Десален.
Големите градови во регионот Оромија се соочуваат со немири и насилни протести откако на 2-ри октомври загинаа повеќе десетици луѓе во панично бегство кога полицијата се обиде да ги разбие антивладините протести за време на големиот верски фестивал во Бишофт.