Шефот на групата, 49-годишен српски државјанин, е осомничен дека организирал 27 измислени бракови со двајца соучесници, австриски државјани, за државјани од Србија, Босна и Косово, кои со тоа се стекнале со правото на престој и работа во Австрија како сопружници на лице од ЕУ.
Невестите биле претежно од Унгарија, а осомничените земале просечно по 10.000 евра по брак, а браковите биле склучувани главно пред матичните служби во Србија.
Осомничените не само што посредувале во лажни бракови, туку им давале и на своите клиенти потврди за вработување во фиктивни компании во Виена, што им овозможувало да добијат дозволи за престој и работа и да користат австриски социјални бенефиции.
Полицијата против осомничените поднела вкупно 59 пријави, кои се однесуваат на организирана помош при кршење на законот за престој на странци, медијација при склучување лажни бракови и фалсификување документи. Во истрагата се сослушани 48 лица, а потрага е распишана по уште девет лица.