Годинашната божиќна елка на американската престолнина е добиена од Националниот шумски парк Aнкомпагре, во Колорадо, и оттаму е превезена до Вашингтон на пат долг 3.200 километри.
Според „Стил“, компанија за производство на земјоделска механизирана опрема и спонзор на програмата Божиќна елка на престолнината на САД, која се одвива веќе петта година, елката е висока 17 метри.
Годинава, елката ќе биде украсена со рачно изработени лампиони и украси направени од граѓаните на Колорадо.
Според Службата за национални паркови на САД, церемонијата со осветлувањето на елката ќе биде пренесувана онлајн, но е дозволено и физичко присуство на гледачи.
Датумот се уште не е утврден, а настанат вообичаено се оддржува на почетокот на декември.