– Речиси 9.000 луѓе во Германија ќе мора повторно да примат вакцина против Ковид-19 откако е откриено дека наместо вакцина примиле физиолошки раствор.
Локалните власти на округот Фрисланд ги повикаа вакцинираните граѓани да се јават за да ја примат вистинската доза од вакцината, и е отворена телефонската линија за итни случаи.
Утврдено е дека физиолошки раствор примиле 8.557 лица од 70 години во периодот од 5 март до 21 април.
– Бидејќи не знаеме точно колку од нив добиле обичен физиолошки раствор наместо вакцина, во период од седум недели, им понудивме на сите да ја повторат вакцинацијата, се наведува во соопштението од локалниот Кризен штаб.
Скандалозниот случај беше откриен на крајот на април, кога медицинска сестра се посомневала дека примила физиолошки раствор, наместо вакцина против Ковид-19, но се претпоставуваше дека се работи за само шест инјекции исполнети со физиолошки раствор.
Во истрагата за овој случај се приклучи и специјален комесар за политички мотивирани злосторства, бидејќи медицинска сестра сподели критички ставови за вакцинацијата на социјалните мрежи.