Ширум Европа во текот на божикните и новогодишните празници засилени се мерките за безбедност поради потенцијалните терористички закани, особено после овонеделниот во Берлин.
Во Франција околу 90.000 полицајци, жандарми, и војници ќе бидат задолжени за безбедноста на јавните места, вклучувајќи ги црквите и панаѓурите.
„Заканата е силна, но нашиот одговор никогаш не бил посилен“, порача францускиот министер за внатрешни работи Бруно ле Ру.
Во нападите на исламистите во таа земја за последните две години убиени се повеќе од 230 луѓе, а повеќе од една година на сила е вонредната состојба.
Во Италија и во Ватикан мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво.
Во Рим е забрането влегување цо возила во центарот на градот, а антитерористичката полиција е распоредена на повеќе локации и носат маски и се вооружени со автоматски пушки.
Во Ватикан, каде што папата Фрањо требаше да одржи вечерна Божикна миса во црквата Свети Петар, полициски и воени возила го обезбедуваат приодот до црквата и просторот околу неа во растојание од 100 метри.
Во Милано и во други градови исто така, засилени се мерките на безбедност особено околу верските објекти.
Во Белгија која повеќе пати беше цел на терористички напади, подигнато е нивото на безбедност поради можноста од „можен или евентуален“ напад.
Улиците пред Бекингемската палата во Лондон ќе бидат затворени при смената на стражарите, а таа мерка е воведена после нападот со камион на божикниот панаѓур во Берлин во кој беа убиени 12 луѓе.
Во Англија се разгледуваат уште некои безбедносни мерки затоа што е проценето дека постои можност да дојде до терористички напад, а засилени се и мерките за безбедност во манчестер.
И Унгарија ги зголеми мерките за безбедност на местата каде што се собираат поголем број граѓани, како што се божикните панаѓури на плоштадите, а истото го направи и Австрија.
Со цел да се заштитат од терористички напади, како оној во Лондон, Русија воведе вонредни мерки за безбедност.
Московската полиција најави дека ќе користи камиони за да ги блокира деловите од градот во кои ќе се одвиваат празничните јавно собирања.