Како го плативте кафето утринава? Ако сте во Сан Франциско, веројатно го допревте телефонот на терминалот за плаќање, а ако сте во Лондон, можеби замавнавте со раката на која се наоѓа тенка брезлетна со сите податоци за вашата сметка. Ако сте, пак, во Најроби, испративте СМС порака.
Во Скопје, најверојатно посегнавте по паричникот и плативте на старомоден начин, со книжни банкноти.
„Бесконтактното“ плаќање, со картичка или мобилен телефон, за некои од нас е веќе секојдневна работа. А, замислете како ќе биде иднина кога не ќе постојат ни парите, ниту платежните картички, туку само – мобилниот телефон.
Еден од можните начини за обавување на финансиски трансакции се потпира на биометрички системи.
Преку единствените карактеристики на деловите од телото, како на пример мрежницата на окото или отпечатокот од прст, ќе може да се стапат во интеракција со банковната сметка. На тој начин лесно ќе можеме да платиме, на апаратот за картички допирајќи со дланката или прстот, преку нашиот отпечаток ќе се изврши трансакцијата.
Вториот можен начин е преку „месинџер“ апликација или социјалните мрежи, но на многу корисници не им се допаѓа идејата, покрај тоа што безмалку се знаат за нив, големите ИТ компании да имаат преглед и во личната банкарска сметка.
Третиот начин, и за сега најизвесен, веќе го имате во џебот – тој се базира на развивање на апликации и софтвери поврзани за нашите мобилни телефони.
Најмодерните банки на своите корисници им нудат и најмодерно, и истовремено, најсигурно мобилно банкарство.
Покрај тоа што со помош на оваа апликација сметките се плаќаат без провизија и чекање во редици, корисникот има преглед на своите финансии, а и сам на себе може да си префрла пари од една сметка на друга.
Еден од таквите сервиси е басплатната SoGe m-banking апликацијата, лесна за користење и со мноштво предности во однос на шалтерското банкарство.