Градската управа на Киев издаде сигнал за тревога од воздушен напад, по што на населението му нареди да се упати кон засолништата.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ноќва, во специјално обраќање до нацијата соопшти дека донел одлука за изведување на специјални воени операции во Донбас. Шефот на државата истакна дека плановите на Русија не вклучуваат окупација на Украина. Патем, Путин ги предупреди сите оние кои евентуално би се вмешале во состојбата дека ќе се соочат со сериозни последици.
„Сега неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се вмешаат во случувањата: Кој и да се обиде да ни посмета, или можеби да биде закана за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде брз и ќе ги доведе до такви последици со какви што никогаш во својата историја не сте се сретнале“, рече Путин.