Колумбиската полиција заплени повеќе од шест тони кокаин наменет за црниот пазар во Шпанија, што е до сега најголема заплена на ваква дрога во таа земја.
„Ова е до сега најголемиот удар на организираниот криминал затоа што се ’уловени’ 6.134 килограми кокаин во местото Баранкиљо. Кокаинот беше наменет за Шпанија“, наведуваат од полицијата.
Министерот за одбрана Луис Карлос Виљегас го посети пристаништето во Баранкиљо на северот од државата од каде што дрогата требало да биде префрлена во Европа.
Кокаинот припаѓан на криминалната група Заливски клан која ја води извесен Даиро Антонио Узуга, моментно најбаран криминалец во Колумбија, чија група ја сочинуваат припадници на десничарски паравоени единици.
Колумбија е најголем светски производител на билката кока која, според некои информации, се одгледува на површина од 96 илјади хектари.