Во силното невреме на југоистокот на САД, во Алабама и Тенеси, загинаа пет лица, а повредени се повеќе десетици луѓе.
Невремето вчера зафати и делови од Мисисипи и Луизијана, соопштија од метеоролошката служба.
Потврдено е дека најмалку пет торнада имало во Алабама, три на југот на Тенеси, еден во Луизијана и четири во Мисисипи.
Торнадата рушеле куќи и корнеле дрва.