Во септември 2015 година, шеесет километри јужно од центарот на Пекинг, почна изградбата на најголемиот аеродром на светот. Година и пол подоцна то е до половина завршен, а до 2019-та „Морската ѕвезда“ со карактеристичните шест краци треба да биде отворена.
Кон крајот на февруари кинескиот претседател Си Џинпинг направи обиколка на големото градилиште и побара ветување дека изградбата ќе биде завршена во предвидениот рок: на петнаесети јуни 2019 година треба да полетаат првите авиони.
Во почетокот е планирано аеродромот да има проток од 45 милиони луѓе годишно, а нешто подоцна, после проширувањето, нивниот број да се зголеми на 100 милиони.
Кина денес е држава со најмногу аеродроми на светот. Во 2006-та имаше 140 аеродроми, а во меѓувреме се изградени уште 60.
Според плановите на владата, до 2025 година треба да бидат изградени уште 124 нови аеродроми.
При тоа предвиден е рок од четири години за новиот спектакуларен аеродром.
„Изградбата трае толку долго само кога се во прашање најважните и најголемите аеродроми“, вели архитектот Фанг Ченг од студиото „Заха Хадид“.
Во просек работите се завршуваат за две-три години.
Тоа што работите толку бргу се одвиваат во Кина, освен ефикасноста, има уште една причина: сите препреки ригорозно се отстрануваат. Пред да започнат градежните работи, стотина села со булдожери се срамнети со земја за да се обезбеди доволно простор за изградба на аеродромот.