– Од почетокот на панедмијата во светот досега регистрирани се 174.052.215 инфицирани луѓе со Ковид-19, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“.
Во моментов активни се 12.987.577 случаи, а од последици на Ковид-19 починале 3.744.029 луѓе. Од коронавирусот оздравеле 157.054.846 луѓе.
Најголем број регистрирани случаи на Ковид-19 има во САД – повеќе од 34,2 милиони, потоа следат Индија со 28,9 милиони, Бразил со речиси 17 милиони, во Франција забележани се над 5,7 милиони и во Турција – повеќе од 5,2 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19.