Абу Фараџ ал Масри, еден од истакнатите египетски членови на Ал каеда, убиен е во напад со беспилотно летало во сириската провинција Идлиб, изјавиле извори од џихадистите.
Масри, којшто се бореше во Авганистан, убиен е кога неидентификуван дрон го погодил возилото во кое бил близу местото Џиср ал Шукур, на северозапад на Сирија.
Сириската опсерваторија за човекови права потврдила дека Масри бил цел на напад со беспилотно летало, но не и дека е убиен.
Покрај Масри, во воздушниот напад во Сирија убиен е уште еден висок командант на екстремистичката организација, човек од доверба на лидерот на Ал каеда Ајман ел Завари.
Групата Фатах ел Шам фронт, порано позната како Нусра фронт, потврдила дека еден од нејзините команданди е убиен, веднаш откако Пентагон наведе дека во бомбардирањето на САД е убиен истакнат припадник на таа организација во Сирија.