Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје, како што посочуваат од МВР, изречени се вкупно 388 мерки, меѓу кои 46 за возење без возачка дозвола, 34 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за користење на мобилен телефон. За непрописно паркирање изречени се 59 мерки, а 55 мерки за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.