Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија ги уапсија М.Д.(28) и Н.М.(55), двајцата од Јагодина.
Ним, по одобрување од виш јавен обвинител, им е одредена мерка времено задржување поради сомнение дека извршиле кривично дело – разбојништво.
Осомничените се товарат дека на автопатот Ниш-Белград, кај Јагодина, од државјанин на Македонија, којшто времено запрел со камионот за одмор, со закана со пиштол му одзеле пари и документи и избегали кон Ниш.