Припадниците на антитерористичките единици на француската полиција притворија пет лица, осомничени за помош на џихадисти кои си заминале од Франција и отишле во војните во Сирија и во Ирак.
Неименуван функционер од француското правосудство, изјави дека во регионот Изер во југоисточниот дел на земјата се уапсени четворица мажи и една жена, осомничени за криминално терористичко здружување и обезбедување финансиска поддршка.
Се наведува дека истражителите веруваат оти оваа петорка е поврзана со џихадисти во зоните на судири во Сирија и во Ирак на кои им давале пари.