Шпанската полиција уапси осум лица осомничени за поврзаност со терористичкиот напад во Брисел, во март минатата година, во кој загинаа 35 лица.
Во соопштението на полицијата се наведува дека операцијата е изведена во пет градови во провинцијата Каталонија – во Барцелона, Хоспиталета, Санта Колома, Корнела, Маскефа и Риполета.
Апсењето е изведено после осумесечна истрага, во соработка со белгиската полиција, која некои од уапсените ги поврзува со џихадистички организации, како и со организаран криминал.
Полицијата соопшти дека уапсените се државјани на Мароко и дека се на возраст меѓу 21 и 39 години.
Откако во 2015 година во Шпанија е зголемен степенот на приправност, полицијата уапси околу 200 осомничени џихадистички активисти, наведува АФП.