Шпанската полиција уапси три лица во Гранада под сомнение за поттикнување терористички напади врз Франција, соопшти Европол.
Откако минатиот септември француското списание Шарли Ебдо објави карикатури на пророкот Мухамед, уапсените објавија бројни видеа на своите профили на социјалните мрежи во кои се закануваат дека ќе извршат насилни акции против Франција и нејзините граѓани со цел да се одмаздат.
Шпанската полиција успеа да ги идентификува лицата кои стојат зад тие профили на социјалните мрежи, кои имаат вкупно 19.000 следбеници, и во моментов ги анализира доказите собрани при апсењата и претресите во домовите за да се утврдат потенцијалните врски со повеќе тековни истраги.
(Фото: МИА)