Археолози минатата недела проучувајќи го задгробниот храм на кралот Аменхотеп III, на западниот брег на Нил, случајно пронајдоа скриена статуа за која се верува дека претставува кралицата Тиа.
Европските археолози на скулптурата изработена од алабастер наишле при истражувањето на една гробница.
Според наводите на египетското Министерство за антиквитети, статуата е пронајдена откако истражувачите ја подигнале скулптурата на кралот Аменхотеп III за да ја преселат и да продолжат понатаму со истражувањето.
Се верува дека непознатата статуа претставува кралицата Тиа, жената на кралот Аменхотеп III и баба на фараонот Тутанкамон.
Реставрацијата почна од делот на статуата, која на себе има резба која потенцијално датира со векови наназад.
Задгробниот храм на кралот Аменхотеп III е изграден меѓу 1390 и 1353 година п.н.е.
Статуата на кралицата Тиа е откриена 100 години откако нејзиното мумифицирано тело е пронајдено во Долината на кралевите.
На почетокот на овој месец египетското Министерство за антиквитети претстави уште едно откритие – голема статуа пронајдена во околината на Каиро.
Прво се верувало дека е во прашање статуа на фараонот Рамез II, но сега се верува дека масивната скулптура припаѓа на Псамтик I, првиот египетски крал на 26 династија по ред.