Руски „Газпром“ ќе ја прекине испораката на гас во Бугарија од 27 април, се вели во соопштението на бугарското Министерство за енергетика, пренесува Тасс.
„Булгаргаз вчера доби известување дека испораките на природен гас ќе бидат прекинати од 27 април 2022 година“, се вели во соопштението на Министерството.
Бугарските власти во март соопштија дека нема да го плаќаат горивото во рубли.
За потсетување, Русија денеска ја суспендираше испораката на гас во Полска, соопштија тамошните медиуми.