Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, го соопшти денеска списокот на играчи за пријателските натпревари против Бразил и Уругвај и на тој список повторно се Лионел Меси и Серхио Агуеро.
Меси е повторно во националниот тим откако ја отслужи суспензијата од три месеци затоа што ја обвини Јужноамериканската фудбалска конфедерација (CONMEBOL) за корупција.
Како и Меси, ни Агуеро не играше за Аргентина уште од Купот на Америка.
Аргентина против Бразил ќе игра на 15 ноември во Саудиска Арабија, а три дена подоцна против Уругвај во Израел.