– Општина Гевгелија денеска ја промовираше богатата четиридневна културна програма со која од 8 до 11 јуни ќе го одбележи вознесението на господ Исус Христос, познато кај народот како Спасовден,кој се слави како заштитник на градот Гевгелија.
Програмата за одбележување на градскиот патрон на Гевгелија изобилува со театарски претстави,концерти,фолклорни ревии и други културни настани кои ќе се одржуваат под отворено небо и во затворен простор,во објектот на Народниот театар.
По спласнувањето на пандемијата и олабавувањето на мерките за заштита од Ковид-19,културните настани во затворен простор годинава ќе се одржат пред публика,која според протоколите за организирање културни настани не може да биде повеќе од 100 гости.За таа цел,велат организаторите,уште од денеска се пуштени во продажба билети за театарските претстави,по цена од 100 денари.
Организатор на празничните културни настани,по повод одбележувањето на Спасовден,ќе биде Домот на културата под покровителство на Општина Гевгелија.